×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата “Карпино 2014“

    11.11.2014 09:34 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата “Карпино 2014“, со дела од истоимената ликовна колонија.

    Отворена изложбата “Карпино 2014“

    Изложбата се состои од 34 дела, изработени од уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Белгија во текот на јули годинава на 12 - та по ред меѓународна ликовна колонија “Карпино 2014“.

    “Уметниците инспирацијата ја црпеа од манастирот Карпино, но и од останатите значајни културно - историски знаменитости, манастири и  цркви во кумановско. Да не бевте сите вие ќе ја немаше оваа ликовна колонија цели 12 години “ - рече Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар Карпино.

    Изложбата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, кој истакна дека  локалната самоуправа ја негуваат културата и уметноста во Куманово.

    „Здружението преку оваа колонија го промовира светилиштето од 16 век, познато како препишувачки центар во тој период. Ова здружение го промовира како културен центар. Куманово е водечка точка на македонското модерно сликарство. Тука се одржуваат четири колонии „ - изјави градоначалникот.

    Изложбата “Карпино 2014“ ќе трае две недели,  а потоа ќе биде презентирана и во другите градови во Македонија. На отварањето на изложбата присуствуваше почесниот граѓанин на Куманово, Лоренс Батлер, градоначалници од збратимените градови и многу други љубители на ликвоната уметност.