×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата на Далибор Крстевски

    26.12.2015 11:16 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена правата самостојна изложба на Далибор Крстевски.

    Отворена изложбата на Далибор Крстевски

    Беа изложени дела во техника акрил на платно комбинирано со чипка. Изложбата ја отвори директорката на Музеј Куманово, Анита Цветановска која кажа дека авторот може да се пофали и со интересни модни инсталации.

    Покрај сликите има и интересни модни инсталации на мое искрено воодушевување. Ја користам оваа прилика да му честитам на Далибор за првата самостојна изложба да продолжи вака, да прави уште многу изложби, овдека во нашата галерија, но и надвор од Македонија“-кажа таа.

    Авторот кажа дека се инспирира од жената, чипката, и прави спој на традиционалното и модерното.

    Исто така чипката ја доживувам како мека бела, како материја и исто така така ја доживувам и жената. Значи страста спрема чипката и жената ја доживувам исто на некој начин, треба да се негува, да се одржува, мислам дека главната инспирација за секој уметник е жената“-рече авторот.

    Крстевски е роден во Куманово, во 1984 година. Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во 2009 година, во педагошки оддел, сликарска насока, во класата на проф. Рубенс Корубин. Има учествувано на неколку групни изложби.