Отворена изложбата на накит од Филип Митевски
Во Уметничката галерија синоќа беше отворена изложбата “Биди различен“ со рачно изработен накит на Филип Митевски.

Митевски објасни дека се поставени 115 парчиња накит, а изложбата е со продажен карактер при што се нуди и попуст од 70 отсто по повод претстојните празници.
“Изработени се од различен тип на камења, чипка, монистра, реси. Јас имам завршено сосема нешто друго, со ова се занимавам како хоби, но веќе го работам шест години. Мојата специјализација за изработка на накит ја имам завршено во Софија, Република Бугарија, таму ја надградувам. Ја црпам инспирацијата, немам ништо конкретно туку од урбаниот, модерниот живот, убавата жена пред сè, се инспирирам од неа“ - вели Митевски.
На Митевски ова му е втора самостојна изложба во Куманово.