×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата за царските двери во кумановско

    10.10.2015 11:19 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата “Развојот на царските двери во кумановско“ на авторката Валентина Андреиќ, кустос историчар на уметноста во Музеј Куманово.

    Отворена изложбата за царските двери во кумановско

    Изложбата концепциски е подготвувана неколку месеци и е резултат на три реализирани теренски истражувања. Оваа изложба е прва од ваков тип во Куманово и во земјава.

    Изложбата се состои од 34 двери од 33 цркви. Почнувајќи од најстарите од Карпино од 1606 година, дверите од црквата во Сув Орах од крај на 16 и почеток на 17 век, а можеби и се со иста старост со карпинските, тоа точно не се знае, опфатени се двери помеѓу двете светски војни од 1918 до 1940 година. Дверите ги работеле познати зографи како Димитар Андонов Папрадишки, зографи од Галичник, Лазарополе, Куманово - рече авторката.

    Изложбата го презентира темелното истражување на дверите во кумановско и  ќе трае десет дена.