Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пет годишна пауза повторно е отворена ноќната амбуланта во просториите на Итната медицинска помош Куманово.
Од минатата недела лекари од здравствениот дом ги презедоа дежурствата на матичните лекари во вечерните часови за викендот и празниците.
Со тоа конечно се реши проблемот со ноќните дежурства во градот. Ние добивме наредба од министерството да најдеме решение на проблемот и оформивме екипи кои ги покриваат потребите на граѓаните - вели директорот Миодраг Панковски.
Проблемот со дежурствата на матичните лекари во Куманово настана од мината година, кога тие одбија да ги примаат пациентите надвор од работното време и побараа таа обврска да ја преземе Здравствениот дом. Од таму пак тврдеа дека матичните лекари имаат договор со Фондот за здравство на пациентите да им пружаат 24 часовна здравствена заштита и затоа треба самите да ги организираат дежурствата. Додека траеа препукувањата, граѓаните едно време останаа без здравствена заштита во ноќните часови, па бараа помош во Ургентниот центар и Брзата помош.