×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворени денови во катастар и Управата за имотно правни работи

    02.02.2016 11:17 | KumanovoNews

    Во Одделение за катастар Куманово и во Управата за имотно правни работи денеска се одржуваат Отворени денови.

    Отворени денови во катастар и Управата за имотно правни работи

    Странките ќе можат да се информираат за сите работи кои ги засегаат, а се во доменот на работење на овие институции. Славче Трпески, директорот на Агенцијата за катастар кажа дека кумановското одделение е многу ажурно и ефикасно во својата работа.

    Минатата година во Куманово се примени 60.000 барања и сите ги решивме во законскиот рок. Постапката за дигитализација на катастарските планови овдека е комплетно завршена во делот на дигитализацијата. Во делот на усогласувањето имаме 97 отсто усогласени податоци. Очекуваме во текот на месец март да се заврши целокупната постапка и Куманово да ги има дигиталните планови за целата своја територија. Одделението минатата година запиша 7139 дивоградби што ги легализирала општината, веќе се запишани и граѓаните имаат имотен лист“-рече Трпески.

    За да има пристап и за хендикепирани лица за три недели шалтер од катастарот, ќе се пресели во просторија спроти општината со површина од 110 метри квадратни, во поранешен дуќан на „Димче Еребица“.

    Директорот на Управата за имотно правни работи, Зоран Крстаноски објасни дека кумановското одделение е едно од најефикасните.

    Од вкупно поднесените 17.800 барања за приватизација досега се завршени 73 отсто од тие барања, што значи дека генерално во постапка ни остануваат уште 4700 предмети кои се во постапка за докомплетирање и очекуваме во наредниот период да донесеме и првостепени решенија за тие предмети - рече тој.

    Тој додаде дека за проектот „Купи куќа за млади“ странките ќе можат во  понеделник и вторник да добијат информации од 10 до 15 часот. Крстаноски вели дека засега во Куманово има интерес за овој проект и очекува дека работите ќе продолжат во позитивна насока. За проектот „Купи куќа за млади“ катастарот има обезбедено државни парцели кои ќе се урбанизираат и понудат по почетна цена од едно евро за метар квадратен.