Отворил интернет кафе на „диво“ со нелиценциран софтвер
29.05.2017 07:58
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л.А.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола.
На 05.мај годинава, при извршена контрола во неригистрирано интернет кафе лоцирано на ул. „Гоце Делчев“ во Куманово, сопственост на пријавениот, е утврдено дека во поставените 21 персонален компјутер, кој пријавениот ги користел во деловниот објект, инсталирал Microsoft софтвер „Microsoft Windows HP“ за кој не приложил фактура за набавка на лиценциран софтвер и така инсталираниот нелиценциран софтвер го користел во секојдневно работење во интернет кафето.

