Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановското јавно обвинителство ќе треба да изготви нов обвинителен акт против Љубомир Митев(75) од кратовско Којково, откако кривичниот совет во кумановскиот Основен суд ги прифати приговорите од неговите бранители и го врати предметот во фаза на истрага.
Обвинителниот акт во кој дедо Љубе се товареше за убиство, обид за убиство и недозволено држење на оружје сега веќе не постои, а обвинителството и одбраната забрзано собираат докази кои ќе ги искористат во судскиот процес.
Апелацискиот суд ја потврди 8 годишната затворска казна за Борче Иванов , еден од двајцата разбојници кои влегоа во куќата на старецот и го нападнаа него и неговата сопруга.
Разбојништво се случи на 27 февруари 2013 година, кога двајца разбојници го малтретираа дедо Љубе и сопругата во нивниот дом за да ги ограбат, при што тој го уби Зоран З.(28) од селото Пантелеј, а Борче Иванов од селото Полаки беше ранет.