Пакети со храна за најсиромашните семејства
07.11.2014 11:01
| KumanovoNews
Педесетина сиромашни семејства од Куманово и околината ќе добијат пакети со храна од Црвениот крст.

Пакетите се обезбедени со донации, од хуманите граѓани и компании, кои донираат во октомври за Недела на гладта.
“Овие пакети веќе се дитрибуираат до екстремно ранливите категории , семејства со болни деца, со изменоштени повозрасни лица, на лица со пречки во развојот“ - вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.
Мотото на кампањата беше “Помислете и на нас“, а целта е да се подигне свеста на граѓаните да донираат за оние кои се на работ на егзистенција.