Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“ се врати од Меѓународниот фолклорен фестивал во Шлиц, Германија.
Фестивалот се одржа од 9-ти до 14-ти јули, под покровителство на CIOFF. На фестивалот учествувале фолклорни групи и познати музички изведувачи од 12 земји.
Фестивалот е еден од 10-те најдобри светски фолклорни фестивали и беше организиран на многу високо ниво. Секојдневни активности и настапи, посети на знаменитости, организирани дружења помеѓу ансамблите меѓусебно како и со семејствата домаќини. На тој начин имаше можност да се доближат двете различни култури и традиции, - велат од друштвото.
Друштвото настапуваше и во градот Пазин, Истарска Жупанија и на Меѓународен фолколерен фестивал во Пореч.