Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, членови, симпатизери и потесното семејство, денеска на градските гробишта присуствуваа на панихида во чест на Драган Богдановски.
Денеска се навршуваат 15 години од погребението на Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска, а се смета за еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Говор за неговиот живот и дело одржа претседателот на општинскиот комитет Мирослав Стојановски.
Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 г. Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на СДБ, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати, на кој процес е осуден на 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година- рече во говорот Стојановски.
Драган Богдановски е роден во селото Клечовце, 1929 година во земјоделско семејство.Умира на 31 мај 1998 година во воз на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 1 август на градските гробишта во Куманово.