Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на октомври поведена е дисциплинска постапка и парично е казнет еден полицаец од СВР Куманово.
На полицаец во Полициска станица од општа надлежност Куманово, СВР-Куманово, изречена му е мерка парична казна во висина од 15% од месечната плата за шест месеци, затоа што избегнал извршување на работни задачи во ПЕП, така што не ја зел потребната опрема и за истото не го известил непосредниот старешина.
Истовремено донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството за внатрешни работи, поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 22 вработени изречена им е мерка парична казна и на осум вработени мерка писмено предупредување.