Партиите ги изненадија дамите со цвеќе и подароци
10.03.2014 08:43
| KumanovoNews
Младите од ГРОМ и на ВМРО-ДПМНЕ во сабота поделија подароци и цвеќе на припадничките на понежниот пол.

Младите пријатно ги изненадија дамите честитајќи им го празникот.
По повод празникот на жената решивме да ги израдуваме нашите сограѓанки. Делевме чоколади со афоризми за жената. Целта беше преку пораката да се потсети жената на својата голема вредност. Со оваа акција сакавме да покажеме дека убавиот збор може да ја направи жената најсреќна - вели Сања Трифуновска, претседател на ФОМ на ГРОМ Куманово.
По повод празникот повеќето општински ограноци организираа дружење за своите членки.