Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
,,Не носиме одлуки без вас‘‘ - гласи една од пораките до граѓаните во изборната програма на Демократската десница на Филип Петровски со која оваа неодамна формирана партија оди самостојно на претстојните избори на 5 јуни.
Парите кај граѓаните! Изберете живот! Партнерство со Македонија! Контролирајте ја владата! Картичка за невработените! - порачуваат десничарите. Демократската десница е отворена, транспарентна, демократска, синхронизирана, модерна и базирана на лична одговорност на носителите на јавни раководни функции - вели Александар Даштевски носител на изборната листа од Втората изборна единица. На листата на Демократската десница од Куманово се наоѓаат и Маријан Стевановски доктор по економски науки и Д-р. сци. по информатика како втор и Маја Димитриевска, студент на Екомомскиот факултет како 17-та на листата.
Ние сме партија со иновативен тим, со нови идеи, со алтернативни предлози и смели активности. Се определуваме за позитивна кампања, застапуваме принцип на граѓански иницијативи и други неконвенционални модели на коминикации. Нудиме еднаква застапеност на сите граѓани, ресоцијализација, инклузија, помош и солидарност. Учењето од туѓите грешки е наш начин на делување во решавањето на проблемите - вели носителот на изборната листа Александар Даштевски, инаку магистер по меѓународни односи и дипломатија.