Патник со нож повредил таксист
        16.04.2014 14:11
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Таксист е расечен со нож во раката од патник затоа што несакал да го вози во Скопје.
 
                  Г.К.(40) од Куманово, синоќа бил нападнат на Автобуската станица во Куманово од С.Р.(17) и А.Р.(41) од Скопје, затоа што одбил да ги вози. Патниците почнале да се распраавт со таксистот, по што малолетникот извадил нож и го расекол возачот во левата подлактица.
С.Р. и А.Р. се приведени и против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




