×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Патот до Брзак раскопан и тешко прооден, жителите прашуваат кога ќе добијат асфалт

    04.02.2025 09:57 | Оливера Пешевска

    Патот до селото Брзак не е асфалтиран, раскопан е и тешко прооден, поради што на жителите им е отежната комуникацијата со градот. 

    Патот до Брзак раскопан и тешко прооден, жителите прашуваат кога ќе добијат асфалт

    Во зимскиот период врнежите дополнително ја зголемуваат нивната мака, па секое излегување од селото е вистинска авантура.

    „Страшно е колку е оштетен патот, тоа се кратери. Мора да се движиме полека, но дури и така страдаат возилата, а никој не реагира. Се обраќавме неколку пати до општината, огорчени сме што градоначалникот не сака ниту да не прими, ниту одговара на телефонски повици или пораки. Бараме само исполнување на ветувањето дека патот ќе биде направен“, вели Моме Пешевски, жител на селото.

    Мештаните се револтирани затоа што пред избори им било ветено дека ќе се направи патот од Агино село до Брзак во должина од 2,9 километри. Во 2023 година биле асфалтирани само 900 метри низ селото. И покрај неколкукратните обиди не можеле да дојдат до решение. Вториот пат кој води до Романовце е со должина од 8 километри.

    Во програмата за комунални дејности за тековната 2025 година, предвидена е изработка на техничка документација за 600 метри во селото Брзак, но изградба на пат не е планиран.  

    Во селото  Брзак околу 70 лица се со постојано живеалиште, но има и објекти кои се користат како викенд куќи или се населени само во летниот период. Селото нема водовод ни канализација.

    За изградба на водоводна и канализациска мрежа имаат изготвено проектна документација, која е доставена до општината, но и заглавена во лавиринтите на локалната администрација. Проектот предвидува мрежата да продолжи од селата Љубодраг, Ново Село и Умин Дол, но жителите велат дека се трпеливи во поглед на тоа прашање. Користат вода од сопствени бунари, но редовните испитувања покажуваат дека водата е хемиски неисправна и не треба да се користи за готвење или пиење. Немаат друг избор, па ја конзумираат таква каква што е.

    Руралните средини во кумановско се соочуваат со бројни комунални и инфраструктурни проблеми, за чие решавање локалното раководство нема слух. Жителите на селотот Брзак сметаат дека тоа е причината за иселување на младите генерации и замирање на животот во селата.