Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска продолжиа активностите на ЛДП, по повод прославата на 15 години постоење. Младите на ЛДП во центарот на градот, делеа флаери на партијата.
Идеите на ЛДП одсекогаш биле интересни и прифатени од власта на локално ниво. Лизгалиштето на Градскиот кеј, интернет зоните во централното градско подрачје, а во нашата програма на локалните избори беше идејата за организиран градски превоз, еднонасочен сообраќај, возачки дозволи на 16 години и многу добри. Во програмата за локалните избори ќе се најде проектот за реконструкција и бојадисување на зградите во централното градско подрачје, амфитетар на Спомен костурницата, кој ќе се користи како летна сцена и еден ден бесплатен градски превоз за студентите- изјави претседателот на општонската ЛДП, Зоран Павловски.
Тие вчера организираа крводарителска акција, а утре во 12 часот на Градскиот кеј е прославата на роденденот.