×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Пазаришта“ бележи позитивно работење

    03.12.2015 14:42 | KumanovoNews

    И јавното претпријатије “Пазаришта“ бележи работење со добивка, беше кажано на денешната седница на Советот на општина Куманово.

    „Пазаришта“ бележи позитивно работење

    Директорот Илир Саити вели дека во споредба со истиот период лани имаат поголема добивка, а загубите се сведени на минимум. Саити објасни дека добивката се должи на отстранувањето на дивите пазарџии кои претставуваа нелојална конкуренција и потоа издавање под закуп на повеќе тезги, како и доброто работење на т.н. “бувљак“ во селото Горно Којнаре.

    Добивката е 800.000 денари за јули - септември. Издадени се повеќе тезги на пазарот горе и доле. Плус супер работи пазарот за стари работи кој го викаме “бувљак“ и плус е издаден и деловен простор со јавно наддавање. Да не зборувам однапред, но ние конкуриравме за ИПА фондови и 99,9 отсто ќе добиеме еден голем проект, што можам да кажам дека 50 години не е направено во јавното претпријатије. Тоа нека остане за понатаму - кажа Саити.

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешки дека во извештајот се прикажани големи трошоци за репрезентации.

    Советниците гласаа позитивно за извештаите на ова јавно претпријатије.