Педофил од Свети Николе вознемирувал девојче од Куманово
18.08.2016 12:02
| KumanovoNews
К.Т. (28) од Свети Николе сексуално вознемирувал 15 годишно девојче од Куманово.
Инцидентот се случил вчера во периодот од 17.30 до 18.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Свети Николе , додека девојчето возело велосипед. Пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцевите и го покажувало половиот орган. Девојчето продолжило со движењето, по што и раскажало на Е.Б., кај која било на гости. Случајот бил пријавен во полициската станица Свети Николе, каде во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Свети Николе, извршен е разговор со девојчето и препознавање на лицето. По документирање на настанот против К.Т. (28) од Свети Николе ќе биде поднесена кривична пријава.

