Пензионерите ќе организираат “Кумановски мајтапчии“
19.03.2014 15:27
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово на 31 март во Центарот за култура ќе организира манифестација насловена како “Кумановски мајтапчии“.

Овој настан е традиционален, ќе има хумор и културно - уметничка програма. Пензионерите ќе читаат поезија со хумористична содржина, а влезот е слободен - велат од Здружение на пензионери Куманово.
Сите песни со хумористичка содржина кои биле дел од манифестацијата “Шегобијна разгледница“ во последниве 10 години ќе бидат собрани во едно издание и ќе се чуваат во архивата на здружението.