Пензионерите пак ќе ја играат „Шути и рогати“
Здружението на пензионери Куманово оваа година ќе ја игра претставата „Шути и рогати“ од Драгољуб Димковски.

Се работи за претстава која е подготвена пред неколку години и сега повторно ќе се прикажува во нашиот, но и во други градови низ Македонија.
„Пробите ни се веќе почнати со драмската секција. Имам два нови актери кои претходно не играа. Се работи за комедија која е многу интересна. Ја бараат во Неготино и Пробиштип и кај што ќе не поканат ќе настапиме. Комедиите ги сака публиката. Во „Шути и рогати“ учествуваат дваесетина актери пензионери“-рече Љубица Кузмановска, потпретседател во Здружение на пензионери Куманово.
Од Здружението на пензионери велат дека оваа година за Прочка ќе ја прикажат претставата „Ленче Кумановче“ во Куманово.