Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пензионерката К. М. од Куманово, која редовно играла игри на среќа изгреба добивка од 500 иљади денари на лозот „Детелинка“, пренесува порталот “Плусинфо“.
Својот среќен инстант лоз, пензионерката го купила од продажното мест во Куманово за да ѝ тргне денот со убаво. Кумановката е четвртиот среќен добитник кој изгребал три идентични суми, кои носат премија од 500.000 денари.
Лозот „Детелинка“ беше лансиран на крајот на 2012 година, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1.000 денари.