Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пет години од почетокот на процесот на децентрализација во земјата се констатирани забележителни достигнувања, но локалните самоуправи бараат одвојување на поголеми финансиски средства за нив, зголемување на капацитетите на општинската администрација и целосна имплементација на Законот за употреба на јазиците.
По повод петгодишнината од почетокот на децентрализацијата денеска во Маврово се одржува конференција во организација на ОБСЕ и Заедниците на единиците на локалната самоуправа на која присуствуваа амбасадори, министри и градоначалниците.
Претставниците на ЗЕЛС на средба во Владата побарале да се зголеми зафаќањето на ДДВ за локалните власти на 4,5 проценти за 2011 и 6 проценти за 2012 година, како и за зголемување на зафаќањето од персоналниот данок, кој во 2011 би изнесувал 15 проценти, а во 2012 за 30 проценти. Како еден од најголемите успеси на ЗЕЛС оваа година е изготвувањето на Законот за градежно земјиште што е во собраниска процедура. Според овој закон, од 1 јули 2011 година локалните власти ќе управуваат со градежното неизградено земјиште, што сега е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски.
Идните активности ќе бидат насочени, меѓу другото, и кон зајакнување на улогата на граѓаните во донесувањето на одлуките.