×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет лица го прекршиле полицискиот час, 44 граѓани се под медицински надзор, а 567 во изолација

    27.03.2020 10:23 | KumanovoNews

     На подрачјето на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие од слобода се лишени пет лица (три во Куманово и две во Кратово) кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани во временскиот период од 21.00 до 05.00 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Пет лица го прекршиле полицискиот час, 44 граѓани се под медицински надзор, а 567 во изолација

    На подрачјето на Куманово регистрирани се 44 лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Регистрирани се и 567 лица (450 од Куманово, 41 од Општина Липково, 35 од Крива Паланка, 27 од Кратово и 14 од Општина Ранковце) со наредба за изолација од Министерство за здравство.

    Од страна на полициски службеници се вршат секојдневни контроли на лицата кои се во изолација и самоизолација, како и контроли на угостителски објекти, при што не се регистрирани прекршувања од истите, со исклучок на едно лице кое не се придржувало до мерката за здравствен надзор и домашна изолација-самоизолација, за што ќе следи соодветен поднесок, -соопштуваат од Кумановската полиција.