×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петковски: Се прави ребаланс затоа што се донесе “буџет на желби“

    31.10.2014 12:17 | KumanovoNews

    Од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција обвинија дека на седница на Советот на општина Куманово е направен ребаланс на буџетот затоа што претходно се носеше “буџет на желби“.

    Петковски: Се прави ребаланс затоа што се донесе “буџет на желби“

    Целосно скратени се парите за техничка документација за водоводна мрежа, изградба на водоводна мрежа, изградба на улици, изградба на троатоари, изградба и реконструкција на атмосферска канализација и за детски градинки. Од друга страна за Затворен градски базен се трошат 23.313.000  денари, а за гасификација 9.500.000 денари.

    „Сите реални проблеми во општината, се занемаруваат и нивното решавање се одлага со образложение дека недостасуваат средства и дека општината е во криза, а како приоритет се трошат повеќе средства за базен од предвиденото за сите наведени ставки заедно. Граѓаните на Куманово можат со денови да бидат без вода, да се движат по калливи улици, без тротоари, и во 21 век да користат септички јами, со секој дожд улиците да се претвораат во поројни дождови, децата да одат во градинка во паралелки од 30 - 40 деца, ама за утеха по сето ова ќе можат да се искапат во Затворен градски базен  за кој сите знаеме кога е почнат и со динамиката со која се гради на градоначалникот ќе му требаат уште неколку мандати да го изгради“ - кажа советникот Драган Петковски.

    Тој вели дека ребалансот ги врати кумановци во реалноста која не е розова.