×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петмина починати од коронавирус во Куманово, најмладиот на 34-годишна возраст

    13.11.2020 20:26 | KumanovoNews

    Петмина пациенти ја изгубиле битката со коронавирус во последните 24 часа, а 75 се новозболени во Куманово.

    Петмина починати од коронавирус во Куманово, најмладиот на 34-годишна возраст

    Како што соопшти Министертсвото за здравство најмладиот починат е на 34-годишна возраст, двајца на 49, како по еден на 66 и 62 години.

    На ниво на државата во последните 24 часа се направени 3096 тестирања, а регистрирани се 1064 нови случаи на ковид-19. По градови во: -Скопје 541, -Куманово и Тетово 57, -Штип 46, -Велес 44, -Битола 43, -Охрид 33, -Кавадарци 25, -Гостивар 12, -Крива Паланка 8, -Пробиштип 4,-Свети Николе 17, -Кратово 2 и др.

    Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75), тројца од Тетово (46, 77 и 83), двајца од Прилеп (71 и 79), еден од Крушево (40), петмина пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75), еден пациент од Гостивар (65), еден од Кавадарци (69),еден од Крива Паланка (75), еден пациент од Струмица (70), еден пациент од Валандово (60), еден пациент од Пехчево (69) и еден пациент од Свети Николе (68).

    Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти. Од Куманово 36.

    Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на ковид -19.  

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346.