Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против петмина кумановци на возраст од 20 до 35 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
„На 19. ноември минатата година, од скопската фирма пријавиле нередовни уплати на дневни пазари од страна на пријавените - вработени во подружницата во трговски центар во Куманово, по што било констатирано дека за ноември 2024 не се уплатени финансиски средства по основ на дневен пазар во висина 417.014 денари и 59.426 денари“, соопшти МВР.