Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради неплатено ДДВ кое ќе треба да се исплаќа од идната година, советниците од ВМРО - ДПМНЕ се сомневаат дека ЈП“Чистота и зеленило“, кое има позитивно работење ќе бележи загуби и општината ќе треба да го помага.
Ова јавно претпријатие ќе биде со блага добивка, позитивна нула или блага загуба. Догодина ќе влезе во стагнација. Од следната фискална година ако не се преземат чекори за зачувување, од пет претпријатија само ова не беше издржувано и ќе влеземе во сценарио каде ниедно нема да има позитивен биланс - рече Стефан Трајановски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.
Директорот на ЈП“Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски вели дека тековното ДДВ се плаќа редовно, вработените добиваат плати навреме, а по поволна цена набавиле три модерни камиони.
Јас кога станав директор 70 отсто од приходот одеше за плати, а сега сведовме од месечната добивка 40 отсто да се трошат за плати. Ова претпријатие е рентабилно. Ратите за ДДВ нема да претставуваат проблем. За две години купивме алатки со милионски суми. Три камиони живот значат за Куманово - изјави Петрушевски, бранејќи го тримесечниот извештај пред советниците.
Тој додаде дека 95 отсто од комуналните претпријатија во државата се во криза, а ЈП“Чистота и зеленило“ заработува од услугите кои ги врши.