×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски: Дајте потпис за Цветковски и Караџински

    25.01.2013 14:29 | KumanovoNews

     Од независната група на советници денеска ги повикаа граѓаните, од утре, кога почнува рокот за собирање на потписи за кандидатури за градоначалници, да дадат подршка на Виктор Цветковски како независен кандидат за градоначалник и на листа на советници што ќе ја предводи доктор Драги Караџински.

    Петрушевски: Дајте потпис за Цветковски и Караџински

     Потписите заедно со важечка лична исправа ќе можете да ги дадете во просторијата на Општинската изборна комисија која се наоѓа во објектот веднаш до пасошкото одделение при МВР, влегувајќи преку паркингот кој се наоѓа зад зградата на Основниот суд Куманово. Драги сограѓани пред се сакам  да ви се заблагодарам  за огромната поддршка која до сега ни ја давате, да ви честитам на храброста која ја имавте да се спротивставиме на двата политички блока кои не поделија и раскараа, на мудроста за одлуките кои ги донесовте. Вие ја познавате енергијата на независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Виктор Цветковски и волјата Куманово да стане поубаво место за живеење - вели Зоран Петрушевски, од независната политичка опција.

    Тој рече дека ќе покажат што е демократија, како се сака и како може да се развива Куманово.

    За да се кандидираат на престојните локални избори кандидатите треба да соберат 450 потписи од граѓаните.