Писателите го подготвија новиот алманах
23.10.2013 09:36
| KumanovoNews
Кумановските писатели го подготвија четвртиот алманах и наскоро се очекува да излезе од печат.

Новиот алманах ќе содржи проза и поезија од над 20 автори, од кои 17 се домашни.
Материјалот е даден на лекторирање. Ќе има творби на седум јазици, на оние јазици кои се говорат во Куманово, ќе има песни на турски, монголски, словенечки јазик. Со квалитетот одиме напред и се надминуваме себе си. Нашите алманаси продреа во многу земји од бивша Југославија - рече Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Печатење на алманахот ќе го финасираат самите писатели.