×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Планинарите од „Козјак“ го одбележаа Светскиот ден на планината

    09.12.2015 10:18 | KumanovoNews

    Планинарите од Здружението спортско планинарски клуб “Козјак“ синоќа го одбележаа 11 декември-Светскиот ден на планината во просториите на клубот.

    Планинарите од „Козјак“ го одбележаа Светскиот ден на планината

    По тој повод благодарници беа доделени на учесниците на планинарската школа “Козјак 2015“, на покровителот на клубот Оли Травел, планинар на годината во машка категорија е Бобан Антевски и во женска категорија Жаклина Антевска.

    По повод Светскиот ден на планината, во недела на 13 декември на покана на Федерација на планинарски спортови од Македонија, ќе заминеме на Матка заедно со останатите планинари од Македонија, да го одбележиме денот по програма која е подготвена од Федерацијата. Планинарите ќе пешачат и ќе ја посетат пештерата Врело - изјави Мартин Величковски од „Козјак“.

    Клубот во 2016 година акцент ќе стави на младите членови, а летен камп треба да се одржи во планинарскиот дом Длабочица под покровителство на Федерација на планинарски спортови.