Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две куќи се опожарени во текот на вчерашниот ден во Куманово.
Првиот пожар е предизвикан од експлозија на плинска боца во семејна куќа на ул. Народва Револуција. Интервенирано е во
10,20 часот со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари. Огнот зафатил една соба од објектот при што е направена материјална штета. Пожарот е локализиран и завршен во 11.20 часот.
Вториот пожар настанал од запален бојлер во семејна куќа во с. Черкезе. Пријавен е во 16,25, а изгаснат е во 17,25 часот. Било интервенирано со 1 возило и 5 пожарникари . Пожарот ја зафатил и оштетил и кровната конструкција на објектот.
Причините како и висина на материјалната штета и во двата случаи допрва ќе се утврдува.
(фото.архива Кумановоњуз)