×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По 1 јануари почнува поднесувањето на Годишни даночни пријави

    28.12.2015 10:53 | KumanovoNews

    Почнувајќи од 1 јануари па се до 15 март, граѓаните во Управата за јавни приходи ќе треба да поднесат Годишна даночна пријава.

    По 1 јануари почнува поднесувањето на Годишни даночни пријави

    Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на: лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од самостојна дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други приходи.

    Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.

    На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определениот рок, ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за персоналниот данок на доход.