Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Корона кризата, економската криза, изолацијата, локалните избори, невработеноста, недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија... Ова се најзначајните случувања по кои кумановци ќе ја паметат 2021 година.
Во Новата 2022 година очекуваат дека работите ќе тргнат на подобро, пандемијата ќе заврши и ќе се врати нормалниот живот.
На политичарите им порачуваат да бидат поискрени и посериозни. Да се свртат кон граѓаните и да ги слушаат нивните мислења и потреби, а помалку да мислат на себе и на власта.
Во Новата 2022 година на своите сограѓани им посакуваат здравје и среќа и подобар живот за сите.