Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зијадин И. (17) од селото Опае, e четвртата жртва во страотната сообраќајна несреќа што се случи минатата недела на улицата “11 Ноември„, кога автомобил БМВ - кабриолет падна од надвозникот на автопатот Куманово-Табановце, при што загинаа тројца гимназијалци.
Единствениот преживеан Зијадин, со тешки повреди беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде завчера им подлегнал на повредите.
Во несреќата на лице место загинаа Ваљон М.(17) и Егзон Ш.(17) од Куманово, а Исуф А.(18) од Липково им подлегна на повредите во кумановската болница. Возачот на цистерната М.Т.(45) поминал со полесни повреди.
Сообраќајката се случи минатиот вторникот, на денот на започнување на летниот распуст, во 16.40 часот кога од непознати причини автомобилот БМВ, кој го управувал Ваљон М. додека се движел кон центарот на градот изгубил контрола и удрил во заштитната ограда. Автомобилот слетал на коловозот и паднал на цистерна која се движела по автопатот.
Сите патници во БМВ-то биле гимназијалци во трета година, кои пополаднето подолго време се возеле во автомобилот низ градот.