Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во својата 94 година од животот почина Мара Нацева Дрљевиќ, последен народен херој во Република Македонија.
Мара Нацева е родена во 1919 година во Куманово.Во 1936 година станува член на СКОЈ, а во 1939 година на КПЈ. Поради учество во штрајкувачкото движење мора да го напушти Куманово и заминува за Ниш, каде исто така се вклучува во партиските активности на КПЈ.
Од крајот на 1941 година е член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во летото 1942 година е уапсена од бугарската полиција и е интернирана во логорот за жени кај Асеновград. Во март 1943 година во отсуство е избрана за организационен секретар на новоформираната Комунистичка партија на Македонија. Избрана е за делегат на АВНОЈ и АСНОМ.
Погребот ќе биде утре на градските гробишта во Куманово.