×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна грејната сезона во училиштата

    22.10.2013 07:44 | KumanovoNews

    Од 15 месецов во училиштата почнаа да пуштаат парно греење, а  повеќето  од нив имаат залихи од нафта и дрва за огрев од претходната грејна сезона.

    Почна грејната сезона во училиштата

    Образовните установи имаат обврска просториите да ги затоплуваат до 15 април се до завршетокот на грејната сезона.

    Навреме почнавме со загревање на училниците бидејќи мораме да ја запазиме грејната сезона. Рано наутро се пушта парно греење. Имаме човек кој е задолжен за пуштање на парно и негово оддржување и тоа за две училишта, нашето и ОУ “Наим Фрашери“ - вели Надица Петровска, директор на ОУ “Вук Караџиќ“.

    Од ОУ “11 Октомври“ објаснуваат дека од лани се загреваат на гас и грејната сезона кај нив е започната на 15 октомври. Директорката Мерилин Стојчевска вели дека во училиштето мора да биде топло за да им биде пријатно на децата и нормално да се одвива наставата.

    Во ОУ “Христијан Карпош“ рекоа дека пуштаат парно, но бидејќи времето е убаво можат да заштедат.

    Половина час пуштаме парно и потоа го исклучуваме. Времето е топло, пријатно, и учителките кажуваат дека во училиштата на горниот кат е доволно топло. Се загреваме на парно, а подрачното учлилиште во населбата Иго Тричковиќ се загрева на дрва. Имаме котлар кој води сметка за греењето - објаснува Лидија Костиќ, директорка на ОУ “Христијан Карпош“.

    Од секторот за образование при Општина Куманово велат дека училиштата имаат залихи на нафта и дрва за огрев од лани и до следната набавка секако можат да издржат месец дена. Раководителот на секторот, Миле Стојменовиќ потврдува дека грејната сезона во училиштата во градот е почната навреме и засега нема никакви проблеми.