×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна сезоната за чистење оџаци

    28.09.2015 13:48 | KumanovoNews

    Почна чистењето на оџаци за претстојната грејна сезона.

    Почна сезоната за чистење оџаци

    Оџачарот Бобан Јаневски вели дека за десетина дена ќе има многу работа, бидејќи вообичаено домаќинствата оџаците ги чистат во месец октомври. Цените за чистење оџак се исти како лани, односно наплаќа од 300 до 500 денари зависно дали се работи за оџак од куќа или зграда.

    За оваа сезона исчистив 10 до 15 оџаци. Оџакот треба да се чисти најмалку еднаш годишно, а за семејства кои ќе изгорат по 10 или 15 кубици дрва, треба од безбедносни причини оџакот да го исчистат 2-3 пати годишно. Секако дека е подобро оџачар да го исчисти оџакот, бидејќи тој е професионалец за таа работа. Јас имам 15 години искуство, но за нас работа преку лето нема, освен луѓето кои варосуваат, реновираат, па ме викаат за да исчистат и  оџак - рече Јаневски.

    Тој додава дека во градот има неколку оџачари, но многу често граѓаните сами ги чистат оџаците.

    Секоја година сам го чистам оџакот. Практикувам еднаш годишно да го исчистам за да не се запали. Оџачар не викам, што ќе ми е, јас сум си оџачар - вели Ванчо Ристовски, граѓанин.

    За нечистење оџаци следуваат високи казни од по неколку илјади евра, а нечистењето оџаци може да доведе и до појава на пожар.