Почна учебната година во “Панче Пешев“
16.09.2014 13:21
| KumanovoNews
Во музичкото училиште “Панче Пешев“ вчера започна новата учебна година.
Во прво одделение се запишани 50 ученици, но има простор за прием на уште 20 деца.
“Од инструментите кои се застапени во училиштето: пијано, виолина, хармоника, гитара, кларинет, труба и пеење, најголем интерес има за жичаните инструменти, а помал е интересот за дувачките инструменти“ - вели директорката Ивана Андоновска Свилар.
Во “Панче Пешев“ се образуваат вкупно 250 ученици.