×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува проектот “Отворен ден со СДСМ“

    16.12.2013 14:41 | KumanovoNews

    Почнувајќи од оваа сабота СДСМ Куманово ќе го реализира проектот “Отворен ден со СДСМ“ на кој граѓаните ќе можат да ги кажат своите поплаки и проблеми.

    Почнува проектот “Отворен ден со СДСМ“

    Од партијата велат дека со проектот граѓаните ќе можат да се вклучат во креирањето на идните политики.

    По тој повод, ние секоја сабота ќе организираме “Отворен ден“ со СДСМ Куманово  со почеток од 11 до 14 часот. За време на овие 3 часа, секој граѓанин без разлика на своите убедувања, етничка или верска припадност, ќе ја има можноста да разговара со претставници на највисокото општинско раководство на партијата, да поставува прашања, проблеми или да дава насоки. Ние сакаме да ги слушнеме  сите предлози за да ги понудиме најдобрите решенија за сите нас - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

    Со овој проект социјалдемократите сакаат да покажат дека СДСМ е партија отворена за сите и секого.