Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на граничната линија меѓу Македонија, Косово и Србија.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево, 17.12.2024 година, во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Косово, 36 км. северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0“, соопштуваат од Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.