Подароци за децата од Бајловце од советничката Божиновска
28.12.2015 16:23
| KumanovoNews
Советничката во Советот на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Злата Божиновска денеска однесе подароци за учениците од основното училиште „Христијан Т.Карпош“ во село Бајловце.

Таа за децата од 1 до 9 одделение однесе пакетчиња, ранци и училишен прибор.
„Донирав од свое лично има за 20 деца од 1 до 9 одделение во училиштето во село Бајловце. Им однесов пакетчиња, ранци, тетратки, моливи и друг прибор. Целта ми беше да ги израдувам децата пред празници, да ги развеселам, да се видиме“- рече Божиновска.
Таа вели дека ова не е прв пат да донира, а целта е да помогне на луѓето кои живеат во нашето општество.