Подароци за децата со хендикеп во Старо Нагоричане
Советот на општината Старо Нагоричане и градоначалникот, денеска поделија подароци на триесетина деца со посебни потреби, по повод Меѓународниот ден на хендикепирани лица.

Прославата беше збогатена и со настапот на КУД „Српски вез„ и приредба за дечињата и нивните родители. Ваква хумана акција се организира за првпат, а општината планира отворање на дневен центар за децата со посебни потреби.
Денеска на околу 30-сетина хендикепирани лица од општината им подаривме скромни подароци за празникот. Во иднина планираме да отвориме и дневен центар за лица со посебни потреби во соработка со Владата.Така да се надеваме дека идната година таа иницијатива и ќе ја спроведеме и дека хендикепирани лица ќе бидат рамноправни граѓани на општината Старо Нагоричане, - изјави градоначалникот Милован Стојковски.
Општина Старо Нагоричане одлучи оваа година да организира приредба за лицата со пречки во развој и да им даде по еден скромен подарок, тренерки. Се надеваме дека во иднина ќе работиме повеќе за нивно згрижување, - изјави Часлав Јовановиќ, претседател на Комисија за општествени дејности, советник во општината Старо Нагоричане.
Родителите се заблагодарија за подароците и се надваат на поголема подршка од општината.
Сакам да се заблагодарам на овој хуман гест, бидејќи и малку значи многу за оваа група на луѓе, лицата со попреченост. Се среќаваме со бројни предрасуди, препреки и секојдневна борба за тие целосно ги стекнат своите права во ова општество. Секој придонес во таа борба нас многу ни значи и неизмерно благодариме на секоја подршка, -изјави Силвана Димковска, родител.
Со денешната манифестација Старо Нагоричане се вклучи во одбележување на Меѓународниот ден на хендикепирани лица и даде подршка на најранливата категорија на луѓе во општината.