Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација на Клубот на жените од Општинската организација на СДСМ денес организираше едночасовна посета и дружење со жените во Домот за стари лица ,,Зафи Сајто‘‘.
При тоа им го честитаа меѓународниот Ден на жените 8 Март, им пожелаа многу здравје и спокојна старост, при што им подарија цвеќе и празнична осумартовска торта со која беа почестени и мажите во Домот. Претседателката на Клубот Драгица Велковска во кусото пригодно обраќање до жените во Домот рече дека тие се наши заслужни сограѓанки, вредни мајки и баби, некогашни трудољубиви работнички кои заслужиле да имаат мирна и спокојна старост во пристојни услови за живеење какви што ги има нивниот Дом. Потоа управата на Домот приреди скромен мал коктел за делегацијата на Клубот на жените на СДСМ и за корисниците на Домот за стари лица.