×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поделена помошта што ја собраа децата во градинките

    06.11.2014 14:10 | KumanovoNews

    Помошта во облека и обувки што ја обезбедија децата од градинката “Ангел Шајче“ денеска беше поделана на социјално загрозените семејства.

    Поделена помошта што ја собраа децата во градинките

    Со акцијата се опфатени 27 семејства.

    “Ги опфативме децата од згрижувачките семејства, децата од материјално загрозените семејства, деца кои се во социјален ризик. Околу 60 дечиња добија гардероба и други предмети кои беа наменети за нив. Така ќе продолжиме и понатаму  во заедничка соработка со стручниот тим од градинката“ - изјави Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи Куманово.

    Од градинката велат дека акцијата била масовна, траела цела недела, а во неа се вклучиле родителите, вработените и други граѓани кои сакале да помогнат.

    “Ова акција имаше едукативен карактер затоа што децата ги учиме на хуманост, чувство да се грижат за другите дечиња кои се нивни врсници, да им подарат нешто од себе. На тој начин се поттикнува чувство на солидарност и помош бидејќи сите деца немаат исти услови за раст и развој“ - вели Лидија Николовска Георгиевска, координатор на акцијата.