×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поделени пакетчиња на детскиот оддел во болницата

    28.12.2015 13:35 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска однесе педесетина пакетчиња на детскиот оддел во Општа болница Куманово.

    Поделени пакетчиња на детскиот оддел во болницата

    Оваа акција се прави традиционално во пресрет на Нова година, со цел да им се разубават празниците на децата кои се на детскиот оддел.

    „Секогаш сум радосен кога доаѓам во оваа установа, бидејќи најголем дел од работниот век го поминав тука. Денеска посетивме околу 40 дечиња, што стационирани, што во дневна болница, се видовме со персоналот. Посакавме здравје на персоналот кој се грижи за нашите најмали, а и на децата“- вели градоначалникот.

    Од детскиот оддел рекоа дека дневно прават стотина прегледи, а на детскиот оддел имаат од 30 до 50 деца.

    „Сега заради Нова година повеќе деца пуштивме, се што можеше да се пушти. Меѓутоа дневната болница е како што гледате преоптоварена, многу малку доктори има, педијатри малку има и сме преоптоварени, ама тоа е. Со деца е преубаво да се работи и ние тоа го правиме со цело срце“- рече Лилјана Николиќ, педијатар.

    Таа вели дека периодот кај нив се згрижени  деца со висока температура, вирози, а на родителите им препорачаа децата да  ги хранат  здраво и да не ги мешаат со други деца.

    Градоначалникот кажа дека следните денови пакетчиња ќе добијат децата на вработените во општината и децата со посебни потреби.