Поднесени над 400 барања за оштета од поплава
До Општинскиот кризен штаб во Куманово 415 граѓани поднеле барања за надомест на штета од поплавата што ги зафати нивните куќи. Најмногу барања, 120 пристигнале од ромската населба Средорек.

Нашите комисии, најдоцна до петок ќе ја завршат работата. Потоа останува да се направи проценка на штетата по постоечката методологија и извештајот да помине на Совет на Општина Куманово, по што ќе се достави до Владата да ги обештети семејствата - изјави Зоран Павловски, претседател на кризен штаб за заштита и спасување.
Рокот за пријавување на штетите завршува денеска. Поплавените ги чистат куќите, кои потаа ќе бидат дезинфицирани за да можат семејставата да се врата и да продолжат да живеат во нив.