Поетско читање во Градската библиотека
14.12.2015 11:05
| KumanovoNews
Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во среда во 19 часот, ќе се одржи поетско читање.

Поезија ќе читаат членови на Друштво на писатели Куманово, поетски клуб “Обденица“ и клуб на книжевни творци “Симбиоза“. Водител ќе биде Наташа Лазаревска-Крушиќ. Целта е со литературното читање да се претстават локалните творци и се планира во иднина при крајот на секоја година да има поетско читање.