×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пофалници за кумановци од Светската царинска организација

    26.01.2016 13:06 | KumanovoNews

    Кумановците Бране Петрушевски, Бобан Станковски и Јовица Кипријановски, се меѓу 10 - те цариници на кои денеска им беа врачени пофалници од генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија.

    Пофалници за кумановци од Светската царинска организација

    Оваа пофалница се доделува за нивниот исклучителен ангажман на полето на имплементацијата на ИТ системи, чија употреба води кон прогресивен напредок и придонесуваат за поголема ефективност, ефикасност во работењето и олеснување на трговијата и транспортот и современа размена на информации. Оваа свеечност беше по повод Меѓународниот ден на Царината кој годинава се одбележува под мотото Дигитална Царина: Прогресивен ангажман.

    Пофалници покрај Петрушевски добија и Драган Јолевски, Ѓорги Наумовски, Дејан Рајчановски, Јане Саздов, Зорица Ашиковска, Зоран Блажевски, Бобан Станковски, Јовица Кипријановски и Ана Аризановиќ.