×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поголема фреквенција на купувачи во маркетите во однос на минатиот петок

    07.02.2025 19:40 | Оливера Пешевска

    Во маркетите во Куманово денеска имаше поголем број на потрошувачи во однос на минатиот петок. 

    Поголема фреквенција на купувачи во маркетите во однос на минатиот петок

    Граѓаните кои ги сретнавме во маркетите велат дека го поддржуваат бојкотот,  и се првадаат дека ги купуваат само најосновните производи, она што мораат.

    „Го поддржувам бојкотот, денеска не купив ништо и не планирам. Ги качуваат цените, а намалуваат грамажите, тоа е двојно поскапување. Излегов само да однесам нешто на  роднина и треба да купам нешто во аптека. За другото од утре“, објаснува Јасмина.

    Други, пак, граѓани велат дека бојкотот нема ефект, па затоа си пазарат вообичаено, како што навикнале. Дел од нив потенцираат дека денеска купуваат од малските дуќани.

    Вработените во маркетите констатираат дека не забележуваат помала раздвиженост и дека прометот не отстапува од другите денови. 

     Мотото на денешниот бојкот е „Бојкотот е бесплатен, а ефектот бесценет“. Целта е да се искаже револт поради високите цени на основните прехрамбените производи, кои од ден на ден имаат се повисока цена.

    Минатонеделниот бојкот се смета за успешен, но поторшувачите се разочарани затоа што изостануваат посакуваните резултати. УЈП излезе со соопштение дека прометот минатиот петок бил за 46,59 проценти помал во споредба со претходниот петок.

    Во меѓувреме Сојузот на стопански комори на Македонија излезе со  тврдење дека маркетите работат со минимални маржи, а цените ги диктираат добавувачите и производителите, кои остваруваа значително повисоки профити.

    Владата најавува нови мерки со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните. Деновиве треба да завршат и шестмесечните контроли на Државниот пазарен инспекторат кои ги контролираа добавувачите, производителите, дистрибутерите и трговците, а нивните наоди  наскоро ќе бидат јавно објавени.

    Бранот на бојкот на малопродажната мрежа започна од Хрватска, пред три недели, а се прошири на целиот Балкан- за денеска  и утре најавени се дводневни бојкоти  во Босна и Херцеговин и Црна Гора, а вакви акции се предвидени и за Србија и Словенија. Кон ова иницијатива се приклучува и Косово, за каде бојкотот е најавен за 10 февруари, а следниот четврток 13 февруари ќе бојкотираат и Бугарите. Не е исклучено ниту дека Грција ќе спроведе бојкот на малопродажните мрежи.